Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите поднесени од 17 осомничени, ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор. За три лица, мерката ефективен притвор беше заменета со куќен притвор, како што информираа од Обвинителството во врска со притворите на осомничените за пожарот во дискотеката Пулс, каде што загинаа 59 лица.
Што се однесува до двајца поранешни градоначалници на Кочани, Обвинителството за Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд во Штип, барајќи да остане на сила мерката ефективен притвор.






