Приказната се случила во Кина, поточно во покраината Ѓилин, каде што еден млад човек се обратил до лекарите со бизарен проблем.
Тој дошол во болница, заедно со својата девојка, чие раце била заглавена во неговата уста! Да не беше снимено, веројатно не би ни поверувале.
Лицето почнало да црвени
Како што објасниле шокираните лекари, тие се обидувале да снимат смешно видео, не знаејќи какви проблеми тоа ќе предизвика. Девојката успеала да ја втури раката во устата на момчето, но кога се обидела да ја извади, мускулите на вилицата се вкочаниле!
Тие неуспешно се обидувале да се ослободат од проблемот, па на крајот побарале медицинска помош, пренесува Oddity Central.
Девојката објаснила дека лицето на момчето почнало да црвени, а неговите заби се стегнувале околу нејзиниот зглоб, што ја загрижило сериозно.
Докторот Џанг Мингјујан, кој го водел случајот, изјавил дека раката на девојката се заглавила поради тоа што мускулите на вилицата се стегнале, што ги спречило мускулите да ја отворат устата.
За да го реши проблемот, прво го смирил пациентот со амбиентална музика, а потоа со посебен медицински алат ја отворил вилицата доволно за девојката да ја извади раката.






