Истрагата која ја спроведуваат институциите по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува. Според информации кои ги доби Курир, од утрово полициски екипи извршуваат претреси и во друг објект кој е во сопственост на газдата на дискотеката.
Дополнително, како што се дознава неофицијално, полицијата влезе и во службените простории на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.
Дејан Јованов-Деко, кој моментално се наоѓа во притвор, беше закупец на дискотеката „Пулс“, во која животот го загубија 59 млади лица во пожарот. Тој исто така го управуваше и кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, како и подружницата на „Карго експрес“ за Кочани и Виница.
Дополнителни информации од МВР и Обвинителството се очекуваат во текот на денот.





![Сите гледаа во Зеленски на погребот на папата: Протколот вели едно, Зеленски прави друго [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-26-110707.png)
