Два земјотреса денеска почувствувани од жителите на Маврово и Западниот дел од Македонија едниот со јачина од 4.5, а другиот 3.3 степени според Рихтеровата скала биле регистрирани околу 13 часот. Епицентрите биле меѓу селата Врбен и Богдево, како и кај селото Леуново.
Имено низа земјотреси го тресеа тлото на Маврово минатиот месец, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтерова скала. Силните земјотреси предизвикаа и штети во неколку објекти во Маврово.






