Денеска, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле М.Р. (26) од Скопје, кој околу 13:50 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје со возило „Ауди“ удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед.
Двата малолетници се пренесени со Итна медицинска помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
Извршен е увид од страна на СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирањето на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.






