Попладнево се случи тешка несреќа на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4, при што беа прегазени жена и дете.
Според извештаите на некои медиуми, повикувајќи се на очевидци, жената била веднаш пренесена во болница во тешка состојба, додека детето неколку минути подоцна со возило на Итната медицинска помош било пренесено во болница.
На социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа како минувачи се обидуваат да им помогнат на жртвите.
МВР најави дека ќе издаде официјални информации по завршувањето на увидот.






