Во соблекувалната на ФК Шкупи, едно место е празно. По многуте прослави на победи, денес владее тишина, а единствено што се слуша е шумот на свеќата пред дресот со бројот на Андреј Лазаров, пишува ТВ21.
19-годишниот фудбалер трагично го загуби животот во пожарот што ја зафати дискотеката во Кочани. Веста за неговата смрт ги потресе соиграчите, навивачите и целата фудбалска заедница.
Андреј беше млад и надежен фудбалер, но уште поважно, беше пријател и брат – синоним за тимски дух. Тој го загуби животот во трагедијата која ја потресе целата држава. Пожарот во дискотеката во Кочани ја однесе неговата младост, на почетокот на неговата кариера.
Андреј успеал да се спаси, но се вратил во огнот за да помогне да се спасат и други.
На денешниот тренинг, играчите не тренираа. Тие седеле во тишина – некои се молеа, некои го гледаа дресот, а други едноставно гледаа во празно. Во соблекувалната немаше зборови, но сите мислеа на истото – на Андреј.
Во спортот се учи како да се победи и како да се изгуби, но ваква загуба не се учи – таа се носи во срцето и таму останува засекогаш.
„Договорот ќе продолжи. Андреј се уште е наш играч“, изјави Туран.





