Општина Битола објави јавен повик за поддршка на волонтерски акции како дел од акцискиот план за развој на волонтерството. Граѓанските организации и иницијативи ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за активности што ќе поттикнат граѓански активизам и општествена одговорност.
Волонтерските акции може да се реализираат во училишта, градинки, детски игралишта, паркови и други јавни простори, а може да вклучуваат расчистување, садење зеленило, разубавување на простори со мурали, поправки на урбана опрема, поставување клупи и канти за отпадоци и слични активности.
Целта на повикот е зголемување на граѓанската вклученост и подобрување на јавните простори преку волонтерски труд. Повеќе информации за начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Општина Битола.







