Општина Битола распиша јавен повик за пријавување кандидати за обука на негуватели за помош и нега во домот на стари лица. Сите заинтересирани можат да аплицираат во периодот од 24 март до 4 април 2025 година, а по завршувањето на обуката ќе добијат верификуван сертификат.
За учество во програмата, кандидатите треба да бидат државјани на Северна Македонија, да имаат најмалку 18 години, завршено основно образование и општа психофизичка способност за работа. Дополнително, неопходна е мотивација за работа со стари и немоќни лица.
За пријавување, потребно е да се достави барање за учество и копија од лична карта. Повеќе информации за повикот се достапни на веб-страницата на Општина Битола.







