Аналитичарот и екс-министер Џевдет Хајредини реагира на дел од обвинувањата на опозициските албански партии и некои колумнисти дека во случајот со пожарот во Кочани се спровдува „селективна правда“ против Албанците истакнувајќи дека доказ за тоа е притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши.
„Каква селективна правда може да постои, кога досега од вкупно 34 осомничени само 3 се Албанци?“ напиша Хајредини на својот Фејсбук профил.






