Вчера (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило “фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ- “безобѕирно управување со моторно возило”.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







