Тито не беше задоволен со Југославија во границите од Вардар до Триглав, туку имаше претензии кон околните држави. Имено, идејата за Балканската федерација ги вклучуваше Албанија, Бугарија, и Романија, а во најширока варијанта, дури и делови од Грција и европскиот дел на Турција. Тито одржа голем број билатерални средби и потпиша неколку документи кои требаше да придонесат за создавање на таква држава.
Идеата и најавите за толку голема балканска држава ги возбуди водачите на големите сили. Дури и на Сталин не му беше сеедно. Конфликтот меѓу Тито и Сталин во 1948 година предизвика внатрешни политички конфликти во Југославија, што резултираше со создавање на Голи Оток, каде што завршија многу противници на Тито но и поранешни комунисти.
Ако идејата на Тито беше реализирана, тогаш денес таа Балканската федерација ќе имаше површина од 395 илјади квадратни километри (за споредба, Германија има површина од 357.021 квадратни километри) и бруто домашен производ од 295 милијарди долари, односно 9.500 долари по глава на жител,
а Белград ќе беше главен град.
Според планот на Тито, се предвидуваше јужната српска провинција Косово и Метохија да стане дел од Албанија, а Албанија да биде дел од таа балканска титова федерација. Од друга страна, беше планирано да се припојат делови на Австрија кон Словенија.







