Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази искрена благодарност за солидарноста и подготвеноста на сите оние кои помогнале во овие исклучително тешки моменти.

„Нивната поддршка значи многу – не само од медицински аспект, туку и како израз на човечка блискост, хуманост и доказ за одличните пријателски односи што ги негуваме“, истакна Муцунски.

Министерот ја нагласи важноста на меѓусебната помош и истакна дека таквата солидарност е од суштинско значење во тешките периоди како овој.







