Денес, Пробиштип се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги на нивниот последен пат.
„Тие ќе ни бидат ѕвезди водилки во нашата борба да вакво нешто никогаш не се повтори! Нека почиваат во мир!“, велат нивните сограѓани.
Никола и Матеј, двајцата 18-годишни, седеле заедно во клупата за време на школските денови. Нивната наставничка од Злетово, по трагедијата, напиша: „Николче, мило дете, со твојата насмевка и посветеност, секогаш ме воодушевуваше. Од вчера ми ѕвони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах, ах, ах. Матејче, секој понеделник, а потоа секој ден, на излегување од училница ме испраќаше со зборовите: „Убав викенд, наставничке“, иако викендот беше далеку.“
Тоше Тодоровски, полицаецот кој бил на службена должност во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот, се истакнал како херој, спасувајќи млади луѓе од трагедијата, но за жал, го загубил својот живот. Имаше 36 години и зад себе оставил две малолетни деца.






