Основното јавно обвинителство денеска ги објави возраста и бројот на загинатите лица во трагедијата што се случи во дискотеката во Кочани.

Листата со податоците беше доставена до Јавното обвинителство од страна на Институтот за судска медицина.
„Извештаите од извршените обдукции се во процес на подготовка и ќе бидат доставени до обвинителството“, соопштија од обвинителството.








