Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор и се во животна опасност, соопшти МИА од Белград. Сите пациенти имаат изгореници на респираторниот тракт.
Директорот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија, Милан Стојичиќ, во изјава за РТС нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди кои се опасни по живот. Тој додаде дека пациентите се стабилни и дека лекувањето продолжува, но дека ќе биде потребно време за целосно опоравување.
„Најтешка е состојбата на еден од пациентите“, рече Стојичиќ.
Во Србија се згрижени вкупно 29 тешко повредени лица, кои се хоспитализирани во четири здравствени установи: Воената болница, Клиничкиот центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.







