Срцепарателни пораки и сцени се случија денес на протестот кој се организира во Кочани поради големата трагедија која не потресе сите вчера.
Татко на едно од момчињата кои трагично го загубија животот во пожарот, со солзи и горчина, го изрази својот револт и бараше одговорност за слученото.
„Господе, казни ги, златни дечиња ни изгореа како глувчиња“, рече тој, додавајќи дека веќе не се плаши од никого, бидејќи нема што да изгуби. „Доколку сакаат, нека ме убијат поради тоа што го кажувам“, истакна тој со силна емоција.
„Не се плашете луѓе, и вие имате луѓе кои ви починаа, кажете ја вистината“, викаше тој, обвинувајќи ги за злосторства, нарекувајќи ги фашисти.






