Триесет и деветгодишната Е.С. од Тетово заработи кривична пријава поради основи за сомнение за кражба.
Таа во неколку наврати од трансакциска сметка на свој познаник си префрлала пари на сопствената сметка.
Како што информира тетовската поилиција, во текот на октомври и ноември, пријавената во повеќе наврати од мобилиниот телефон на оштетениот Џ.Н., со помош на мобилна апликација, префрлила 518 000 денари на нејзината трансакциска сметка, со што се стекнала со противправна имотна корист.






