Панчо ДНК смени професија, во овие очајни времиња кога сите клубови се затворени секоја работа е добредојдена еве што напиша Панчо на ФБ:
Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D’Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи . Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели. За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Ognen кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач
Се гледаме во DKitchen







