Откако денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска ззборуваше за укинувањето на предметот историја во основно, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев порача наместо да го укинува, да ја укине линеарната партиципација за студентите во државна квота.
„Поштована милионерке Мила Царовска. Наместо да го укинувате предметот Историја, укинете ја линеарната ПАРТИЦИПАЦИЈА за студентите во државна квота! #ОбразОваНиЕ#БесплатенИндекс #ПоздравПленумци“, напиша Апасиев на Фејсбук.
На социјалните мрежи има бурни реакции за најавата на Царовска.
Поштована милионерке Мила Царовска.
Наместо да го укинувате предметот Историја, укинете ја линеарната ПАРТИЦИПАЦИЈА за студентите во државна квота!#ОбразОваНиЕ#БесплатенИндекс#ПоздравПленумци
— Апасиев (@apasiev) December 16, 2020







