Измените на Законот за државјанство со кои со тројца сведоци многу граѓани во земјата би се стекнале со македонско државјанство, според предлагачите се важни за пописот.
Поранешниот министер за внатрешни Трајанов вели дека некои одредби се несериозни и можат да предизвикаат меѓуетнички конфликт
Тоа што има многу граѓани граѓани кои во земјава престојуваат повеќе од 30 години, а се уште немаат македонско државјанство е еден голем проблем, кој со измените што ги предлагаме, сакаме да се реши, вели пратеникот од Алијансата за Албанците Илми Азири, еден од предлагачите на измените на Законот за државјанство, кој пак деновиве предизвикаа реакции во јавноста.
Имено во дел од предложените измени се вели дека „со денот на влегување во сила на овој закон лицата државјани на другите републики во поранешната СФРЈ и државјани на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година живееле на територијата на Република Македонија можат да поднесат барање за да се стекнат со државјанство по сила на овој закон, со дадена изјава од тројца сведоци кои ќе сведочат дека поднесителот за добивање на државјанство живеел на територијата на Република Македонија до 8 септември 1991 година или со дадена изјава од сведок кој во тој период бил жител или се уште е жител во местото во кое живеело лицето“.
Токму таа одредба предизвика најмногу реакции во јавноста, но според Азири, нема ништо спорно во неа.
„Имаме голем број случаи на мајка со пет деца, децата имаат државјанство, а мајката нема. Поголем сведок и поголем доказ од децата за мајка им според мене нема. Или имаме две близначки, едната има државјанство, другата нема. Мислам дека сестрата е сериозен доказ за сестрата близначка. Ние имаме големи апсурди во земјава и тие треба да се отстранат“, вели Азири.
Повеќе на РСЕ







