Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека на американскиот советник за национална безбедност, Мајк Волц, му го пренел ставот на Русија во однос на потребата од долгорочно решение на конфликтот во Украина. Според него, Русија не е заинтересирана за прекин на огнот како што го предложија Украина и САД. Ушаков зборуваше за ова во интервју за програмата „60 минути“ на каналот Русија-1.
„Јас, се разбира, ги коментирав договорените мерки за привремен прекин на огнот и го изразивме нашето гледиште дека тоа не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија, ништо повеќе“, изјави Ушаков.
„Нашата цел е постигнување на трајно и мирно решение кое ќе ги земе предвид легитимните интереси на нашата страна. Нашите грижи се познати. Мислам дека никому не му се потребни такви чекори кои само ќе ја имитираат мировната динамика“, нагласи тој.
Неговата изјава доаѓа по пристигнувањето на американските преговарачи во Москва, кои разговарале за можни решенија на конфликтот.
Ушаков исто така рече дека „постои нормално разменување на мислења меѓу Русија и САД на мирен начин“ и дека Москва очекува Вашингтон да ја земе предвид нивната позиција во понатамошните преговори. Според него, Вашингтон е свесен дека „членството на Украина во НАТО не е опција“.
„Договоривме дека овие контакти ќе останат затворени за јавноста“, додаде Ушаков.
Според извори во руските медиуми, рускиот претседател Владимир Путин денеска се очекува да даде поконкретни и посуштински оценки за предлогот за привремен прекин на огнот.







