На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во 07.10 часот во с.Фалише, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле П.В.(38) од с.Фалише. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена воздушна пушка „Црвена застава” калибар 4.5 мм М56, која ја поседувал без дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Закон за оружје.






