Шефицата на бугарската дипломатија во интервју за германски „Велт“ вели дека била брутално нападната од Скопје кога изразила негодување зошто во Скопје била одбележана годишнината од смртта на Тито.
„Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори – Тито.
Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, заклучува Захариева во интервјуто пренесува Дојче веле
Инаку, интервјуто на Велт е објавено под наслов: „Како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер“.






