Советот на јавни обвинители нема да преземе никакви дејствија против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, која го водеше случајот со сообраќајката кај „Млечен“ во Капиштец, во кој возачот што усмрти двајца доби условна казна.
Оштетената Наташа Димитриевска, чии сопруг и неродено дете загинаа, а и таа се здоби со тешки повреди, утринава на твитер го објави одговорот на Советот за јавни обвинители.
Таа на твитер напиша: Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон.
Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе.
Советот на јавни обвинители побарал мислење од Вишото јавно обвинителство Скопје, кое утврдило дека обвинителката од Основното јавно обвинителство Скопје постапила правилно и согласно законските прописи, а по добиеното такво мислење Советот донел одлука дека нема место за преземање дејствија, се вели во одговорот од Советот за јавни обвинители.
Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон.
Епа пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите ТИЕ се штитат меѓу себе!!!#правдазаГоце#правдазаМене#правдазаНас pic.twitter.com/stQGKtkmyv— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) December 14, 2020







