Утре, 12 март 2025 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот (односно до 14:30 часот во Слатино), ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку села во Тетовскиот регион.
Прекини ќе има во следните населени места:
🔹 Јанчиште – делови од селото на влезот од правец на с. Прељубиште
🔹 Теарце – објекти кои се наоѓаат кај реката
🔹 Боговиње – објекти кои се наоѓаат кај гробиштата
🔹 Слатино – објектот на училиштето (до 14:30 часот)
Граѓаните од овие подрачја се замолуваат да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.







