Генералштабот на украинската армија соопшти дека во синоќешниот напад со дронови врз Русија погодиле „неколку стратешки објекти“, меѓу кои и „производствените капацитети на московската рафинерија за нафта“.
Московската рафинерија има годишен капацитет за преработка на 11 милиони тони нафта и обезбедува 40-50% од потребите на Москва за дизел и бензин.
Украинската армија тврди дека е погоден и производствениот погон во Орлов, важен за управувањето со нафтоводот што води до пристаништето во Санкт Петербург.
Претходно, Русија соопшти дека украинската армија извршила најголем напад со дронови досега, при што руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 343 дронови, од кои шест во близина на нуклеарната централа во Курск.
При нападот загинаа најмалку три лица.







