Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана во Бугарската влада продолжува и понатаму со праќање на провокации преку бугарските медиуми на сметка на македонската историја, традиција и идентитет.
Во неговото последно интервју дадено за Бугарската национална телевизија (БНТ) истакна дека ФК Вардар Скопје во 1942-1943 година бил шампион во Царството на Бугарија, односно бил бугарски фудбалски шампион.
– Извинете, но таа година, Вардар Скопје е шампион на Царство Бугарија, 43-та или 42-та Вардар Скопје е шампион на Бугарија, вели Каракачанов.
Гледај до крај ?, што се тресе главниот “овластен” Бугарски преговарач pic.twitter.com/jVaAe3t53A
— Демир (@Trollowsky) December 13, 2020






