Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет во Хрватска.

Во чест на нивниот настап, Владата донесе одлука да им додели премија во висина од 3 милиони денари како признание за нивната посветеност и достоинственото претставување на Македонија на меѓународната сцена.

„Сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска. Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека секој нивен натпревар бил доказ за силата на македонскиот спортски дух, а поддршката од навивачите била уште еден показател за љубовта кон татковината.
Ракометната репрезентација на Македонија настапи на Светското првенство во Хрватска, каде што со борбени игри успеа да ја претстави земјата во најдобро светло.






