Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Месар Омерагиќ, испрати јасна порака до сите кои, како што вели, се обидуваат да вршат притисок врз судиската организација.
„Оние што мислат дека ако ме напаѓаат мене лично или одредени лица од судиската организација и на тој начин можат да влијаат на нас, тогаш тие се во голема заблуда“, изјави Омерагиќ, потенцирајќи дека федерацијата ќе остане доследна на своите принципи и нема да подлегне на притисоци.
Тој исто така истакна дека во последниот период најмногу се вознемирени оние кои во минатото, како што рече, имале „зона на комфор“ во македонскиот фудбал.






