Тешка сообраќајна несреќа се случи денес на Булевар Св. Наум Охридски во близина на населбата Рача, каде што, според првичните информации, се судриле мотор и џип.
Очевидци велат дека судирот бил силен, а едно лице е тешко повредено. На местото на несреќата пристигнаа екипи на итната медицинска помош и полицијата, која врши увид за да ги утврди причините за несреќата.
Булеварот Св. Наум Охридски е познат по честите сообраќајни несреќи, особено во летниот период, кога сообраќајот е зголемен. Поради законските ограничувања, на оваа сообраќајница не се поставени таканаречените „легнати полицајци“, што според граѓаните придонесува за брзо возење и опасни ситуации.
Во продолжение, погледнете ексклузивни фотографии од местото на несреќата.








