За неа, тенисот како спорт одамна е минато, но, Украинката Ангелина Димова го користи во своја корист за промоција на социјалните мрежи!

„Тениската барбика“, како што ја нарекуваа некогаш, сега заработува како топ модел и блогерка, а на својот Инстаграм профил често објавува провокативни видеа и фотографии.

Димова веќе со години живее во САД, а ова патување на Индијан Велс го искористи за дополнителна промоција.

Таа привлекуваше погледи на трибините,појавувајќи се во атрактивна облека додека го снимаше тренингот на Новак Ѓоковиќ. Притоа, му испрати и порака, заедно со видео како Ноле игра.

“Новаче, те молам не стареј” – му порача Димова.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ во 2. коло (во првото имаше слободен круг) ќе игра против Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, кој е познат по тоа што ја заврши кариерата на Рафаел Надал.







