Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност која потенцијално довела до смртта на аргентинската фудбалска легенда.
Судењето во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, се очекува да трае до средината на јули, со сослушување на скоро 120 сведоци, меѓу кои ќе бидат и членовите на семејството, експерти и долгогодишни лекари на Марадона.
Обвинетите се гонат за „убиство со крајна умисла“, што подразбира дело направено со свесност дека може да доведе до смрт. На обвинетите им се заканува затворска казна од 8 до 25 години.
Обвинетите се: неврохирургот Леополд Луке, психијатарот Агустина Косахова, психологот Карлос Дијаз, медицинскиот координатор Ненси Форлини, координаторот за медицински сестри Маријано Перони, клиничкиот лекар Педро Пабло Ди Спања и медицинската сестра Рикарда Алмирона.
Марадона почина од кардиореспираторна криза на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст, сам во медицински кревет во приватна резиденција во Тигре, каде што се опоравуваше од неврохируршка операција за хематом на главата.






