Боровата шума е позната по своите здравствени придобивки, а чајот од борови иглички може да биде вистински мелем за вашите белите дробови. Интересно е што боровите иглички содржат дури 10 пати повеќе витамин Ц отколку лимонот, што ги прави многу корисни, особено во зимскиот период.
Тие не само што помагаат при настинка и кашлица, туку го стимулираат искашлувањето и се користат за инхалација. Чајот од борови иглички има пријатен мирис и вкус, и е одличен за јакнење на имунитетот, лекување на респираторни проблеми и за ублажување на симптомите од настинка и грип. Покрај тоа, боровите иглички се многу корисни и за здравјето на кожата и при лекување на ревматизам.
Природната медицина користи различни делови од боровото дрво за лекување: иглички, младите изданоци, шишарки и смола. Игличките се богат извор на витамини и минерали, а смолата се употребува за лечење на кожни болести и ревматски заболувања.
Чајот од борови иглички може да се подготви на неколку начини. Еден од популарните рецепти е следниот:
Рецепт 1: Состојки:
2 супени лажици исецкани борови иглички
500 мл зовриена вода
сок од половина лимон
1 супена лажица мед
Подготовка:
Исецканите борови иглички прелејте ги со зовриена вода, поклопете и оставете да отстојат половина час. После тоа, процедете го чајот, додадете лимонов сок и мед. Промешајте и пијте го чајот во текот на денот. Резултатите се видливи веќе по еден ден.
Рецепт 2: Состојки:
250 мл зовриена вода
2 мали лажички исецкани борови иглички
1,5 лажичка јаворов сируп (15 мл)
Подготовка:
Исецканите иглички ставете ги во шолја и додадете малку јаворов сируп по вкус. Зовријте ја водата и прелеејте ја преку игличките. Поклопете и оставете да отстои 5-10 минути. По тоа, процедете и пијте.
Чајот од борови иглички е природен начин да го поддржите имунолошкиот систем и да се ослободите од симптомите на настинка и други респираторни проблеми.







