Кромидот е растение познато повеќе од 5000 години, а во античка Грција бил сметан за свети зеленчук. И тоа не е без причина – кромидот има многу здравствени придобивки, освен што помага при заштита од настинки.
Тој е богат со витамини А, Б и Ц, како и минерали како фосфор, железо, калциум, и антиоксиданси. Може да се јаде како сиров, така и варен, и во двата случаи ќе ги задржи своите здравствени придобивки.
Јадењето само половина кромид дневно може да го зголеми нивото на добриот холестерол и да помогне во превенција на сериозни заболувања како мозочен удар, атеросклероза, срцев удар и тромбоза. Кромидот е и природна превенција против дијабетес и инфекции.
Минералите фосфор, калциум, сулфур и силициум што се наоѓаат во кромидот помагаат да се намали ризикот од фрактури. Сириот од кромид е одличен за лечење на кашлица. За да го направите, едноставно исечете кромид на коцки, премачкајте го со мед и оставете го неколку часа. Потоа процедете го и пиејте ја течноста како сируп.
Кромидот е корисен и при анемија, бидејќи не само што содржи железо, туку помага и во неговата апсорпција од другата храна. Ако го додадете во вашата секојдневна исхрана, ќе го подобрите здравјето на кожата, ќе ги намалите лузните и акните, а ќе го зајакнете и здравјето на вашите нокти и коса.






