Иако сите знаат дека цигарите имаат негативно влијание на здравјето, престанувањето со пушењето може да биде голем предизвик.
За сите оние кои одлучиле да престанат да пушат во новата година, еве што можете да очекувате.
Неколку часа по одлуката
По неколку часа, никотинот ќе почне да го напушта вашето тело, и тогаш ќе почувствувате силна желба за цигара. Ова ќе се случи во првите осум часа по последната цигара.
Еден ден по откажувањето
Ова е најтешкиот период, кога симптомите на апстиненција ќе достигнат својот врв. Може да почувствувате зголемено потење, бидејќи телото ќе го излачува никотинот.
Два-три дена по откажувањето
Ако не сте запалиле цигара до сега, веројатно вашето тело веќе нема никотин. Вашите сетила за вкус и мирис почнуваат да се обновуваат, па храната ќе ви биде попривлечна и поинтензивна.
Една недела по откажувањето
Добри вести – најтешкиот период е зад вас! Многу пушачи ќе почнат да кашлаат, бидејќи белите дробови започнуваат да се чистат.
Две недели по откажувањето
Циркулацијата се подобрува и станува слична на онаа на непушачите. Здравјето на вашите заби и непца се подобрува.
Еден месец по откажувањето
Симптомите на криза како што се непријатност, несоница и лесна депресија, обично исчезнуваат до овој момент.
По два месеца
Ризикот од срцев удар се намалува, а функцијата на белите дробови продолжува да се подобрува.
По три месеци
Ако планирате да започнете со вежбање, сега е најдобриот момент. По три месеци без цигари, ќе ви биде полесно да вежбате.
Половина година по откажувањето
Вашите белодробни меури се обновени, иако белите дробови никогаш нема да бидат сосема како на непушачите.
По пет години
Ризикот од развој на дијабетес се намалува и станува ист како кај непушачите.
По десет години
Ризикот од смрт предизвикан од рак на белите дробови е намален за 50% во споредба со пушачите.






