Десетте најбогати бизнисмени во земјите кои произлезеа од поранешна Југославија имаат вкупен имот од 18,1 милијарда евра. Шест од нив имаат матични компании во Хрватска, додека четири се базирани во Србија.
Ова е според најновата листа на стоте најбогати луѓе во „регионот“, која годинава е на највлијателните балкански медиуми. На оваа листа се наоѓаат 25 бизнисмени од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Македонија и седум од Црна Гора. Хрватските и српските бизнисмени наизменично се менуваат на врвот до 22. место каде што се појавува босанско-херцеговскиот бизнисмен Сенад Џамбиќ.
Најбогатите се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ, сопственици на хрватската компанија Infobip, чии имот се проценува на 3.1 милијарда евра. Овој софтверски гигант е основан во 2006 година, а од 2020 година Infobip е во косопственост на инвестицискиот фонд One Equity Partners, кој инвестираше 200 милиони долари. Според аналитичарите, Infobip е една од најбрзо растечките B2B SaaS компании во светот.
На второ место е Мирослав Мишковиќ, сопственик на Делта холдинг од Србија, со имот од 2.85 милијарди евра, додека Дубравко Гргиќ од Група Аграм, Хрватска, е на трето место со имот од 2.79 милијарди евра. Мате Римак, основач на Римак Бугати, е на четвртото место со 2.3 милијарди евра.

Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ, сопственици на Моцарт (Србија), се на шесто место со имот од 1.8 милијарди евра, додека Драган Шолак, сопственик на Јунајтед група (Србија), е на седмо место со 1.69 милијарди евра. Давор Лукшиќ Ледерер од Плава лагуна (Хрватска) има 1.64 милијарди евра и е на осмо место.
На деветто место се Павао Вујновац, сопственик на ЕНА Група и Фортенова, со имот од 1.62 милијарди евра, а на десетото место е Емил Тедески (Мајберг, Хрватска) со имот од 1.56 милијарди евра.
Од Босна и Херцеговина, Сенад Џамбиќ, сопственик на Bingo Group, за првпат се најде на листата на бизнисмени кои имаат повеќе од една милијарда евра, со вкупен имот од 1.1 милијарди евра и се најде на 22. место.
Најбогат Македонец е Живко Мукаетов (Алкалоид), со имот од 784 милиони евра, што го поставува на 32. место на листата, додека најбогат Црногорец е Иван Убовиќ (Бемакс), кој има 396 милиони евра и е на 68. место.







