На 05.03.2025 година, во 11:50 часот, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од непознато лице за износ од 618.000 денари.
Според пријавата, лицето се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ соопштило дека нејзината ќерка била вклучена во сообраќајна несреќа во која прегазила дете-мигрант. Лицето ѝ рекло дека ако сака да ја избегне затворска казна, треба да плати одредена сума пари.
Жената ги оставила парите на договореното место, но по разговорот со својата ќерка сфатила дека станала жртва на измама.
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.







