Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, во интервју за Фокс Бизнис откри дека САД го прекинале протокот на разузнавачки информации во Украина, што е спротивно на изјавите на украински функционер претходно денеска дека Киев сè уште добива информации од САД.
Оваа одлука е натамошна ескалација на тензиите меѓу Киев и администрацијата на Трамп. Дејли мејл, исто така, објави дека Вашингтон ѝ забранил и на Велика Британија да ги споделува своите информации. Вчера американскиот претседател Трамп ја укина и воената помош од САД за Украина.
Претходно денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за враќање на помошта за Украина доколку се организираат мировни преговори и се преземат мерки за градење доверба.
„Мислам дека ако можеме да ги средиме работите и да продолжиме со овие преговори и всушност ставиме на маса некои мерки за градење доверба, тогаш претседателот внимателно ќе размисли за укинување на овој мораториум“, рече Валц во интервју за Фокс њуз.






