Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, продолжува со реализацијата на капитални инфраструктурни проекти, со што општината се развива во модерно и урбано место за живеење. Најновите успешно завршени проекти вклучуваат изградба на патот до м.в. Чука во село Волковија и реконструкција на фасадата на Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во истото село.

„Со секој нов проект ја унапредуваме инфраструктурата на Брвеница и ги подобруваме условите за живот на граѓаните. Градежната офанзива продолжува со реконструкција и изградба на нови улици и тротоари низ целата општина“, изјави Илиевски.

Тој додаде дека инвестициите во патната и образовната инфраструктура се приоритет, бидејќи тие имаат директно влијание врз квалитетот на животот на жителите.

Општина Брвеница продолжува со динамично темпо на развој, а според најавите од градоначалникот Илиевски, следуваат уште многу проекти кои ќе ја направат општината модерно и функционално место за сите нејзини жители.







