Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со минимални 2-1 во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите. Клучен за победата на „кралскиот“ клуб беше Брахим Дијас, кој во 55-та минута реши сам да ја заврши акцијата, наместо да проигра, што се покажа како одличен избор.
Претходно, во првото полувреме, двете екипи постигнаа по еврогол. Родриго погоди во 4-та минута, додека Хулијан Алварес израмни во 32-рата минута.
Арсенал, пак, оствари неверојатна победа, совладувајќи го ПСВ со 1-7 на гостински терен. Одејард погоди двапати, а по еден гол постигнаа Тимбер, Нванери, Мерино, Тросар и Калафиори. „Топчиите“ се веќе во четвртфиналето и ќе го чекаат победникот од дуелот помеѓу Реал и Атлетико.
Последниот осминафинален меч вечерва, помеѓу Борусија Дортмунд и Лил, заврши без победник, 1-1. Адејеми ги донесе „милионерите“ во водство во 22-рата минута, додека Харалдсон во 68-ата минута го постави конечниот резултат.







