Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заедно со министерот за транспорт и врски Александар Николовски, денеска оствари средба со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар, и министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

На состанокот се разговараше за економските политики и можностите за натамошен развој на регионот во различни области. Димитриеска-Кочоска истакна дека соработката меѓу двете држави продолжува да се развива во одлична насока, а фокусот останува на обезбедување економски просперитет за граѓаните.

„Соработката меѓу Северна Македонија и Унгарија е на високо ниво, а заедничките инвестиции и инфраструктурните проекти се клучни за натамошен развој. Остануваме посветени на создавање нови можности за економски раст и подобар животен стандард на нашите граѓани,“ изјави министерката.
Унгарија е еден од значајните економски партнери на Северна Македонија, а соработката меѓу двете земји опфаќа повеќе сектори, меѓу кои инвестициите, инфраструктурата и трговијата.






