По изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изрази подготвеност за мировни преговори под водство на американскиот претседател Доналд Трамп, стигна реакцијата на Илон Маск.
„Важно е да се дејствува, а не да се зборува. Ќе видиме какви акции ќе следат“, изјави Маск, коментирајќи ја понудата на Зеленски.
Зеленски претходно нагласи: „Украина е посветена на мирот. Никој од нас не сака бескрајна војна. Подготвени сме да седнеме на преговарачка маса што е можно поскоро и да се приближиме до траен мир. Никој не го посакува мирот повеќе од Украинците.“
Тој истакна дека неговиот тим и тој лично се подготвени да работат под силното водство на претседателот Трамп за да се постигне мир. Зеленски се заблагодари и за американската помош досега, истовремено изразувајќи разочарување од исходот на средбата во Овалната соба, која заврши со расправија со претседателот на САД.







