Денес, во 15:50 часот, во СВР Тетово била пријавена сообраќајна незгода на магистралниот пат Тетово-Гостивар, близу Неготинска петла. Во незгодата учествувале две возила: „пежо“, управувано од Г.В. (47) од Охрид, и „мерцедес“, управуван од А.А. (19) од Гостивар.
На лице место, на повредите им подлегнала сопатничката од „пежото“, Д.М. (81) од Охрид, додека возачот В.В. (47) и сопатникот С.В. (69), исто така од Охрид, претрпеле тешки повреди, констатирани во Ургентен Центар Гостивар
Сообраќајот на магистралниот пат од Тетово кон Гостивар, од клучка за село Неготино, е прекинат, а сообраќајот е пренасочен преку населените места.
Увид на местото на незгодата ќе изврши екипа од ОВР Гостивар во соработка со јавен обвинител.







