Пејачката Дуа Липа ги налути фановите на социјалните мрежи откако изјави дека ајварот е албански производ, а сега пак на ред дојдоа и ќебапите, за кои кажа дека се албански специјалитет.
Пред неколку месеци во емисијата „Hot ones“ со Шон Еванс изјави дека ајварот е албански деликатес, што секој мора да го испроба. На екранот беше прикажан ајвар од Лесковац, што ги полуде луѓето затоа што Лесковац е град во Србија, а покрај тоа, тие тврдат дека ајварот е српски производ.






