Поради тешка сообраќајна несреќа попладнево во прекин е сообраќајот на автопатот Тетово – Гостивар пред патарината кај Гостивар.
Според видеото што го испраќа читател на expres.mk несреќата се случила под надвозникот.
На видеото се гледаат повеќе возила од кои две се амбулантни.
Засега нема информации за жртви на оваа сообраќајна несреќа.
Дозволената брзина на овој магистрален пат кој популарно се нарекува автопат е 80 километри на час.
Поради сообраќајката сообраќајот се одвива преку надвозникот и нема сериозен подолг застој.







