Рускиот ракометар Тимур Дибиров, долгогодишен ѕвезда на скопски Вардар, ќе го одигра својот последен натпревар во ракометната Лига на шампиони утре. Неговата актуелна екипа, ППД Загреб, веќе ја изгуби шансата за осминафинале, а последниот натпревар од групната фаза ќе биде против полскиот Киелце. Со ова, Дибиров ќе ја заврши својата успешна европска кариера на највисоко ниво.
Искуството на Дибиров, кој во јули ќе наполни 42 години, е богато и разновидно, во текот на кариерата настапуваше за три клуба: Чеховски Медведи, Вардар и Загреб. Сепак, најголем печат остави во Скопје, каде што беше клучен член на тимот што двапати ја освои Лигата на шампиони и стана вистинска легенда на македонскиот ракомет.






