Општина Брвеница продолжува со градежните активности за подобрување на патната инфраструктура. Завршено е асфалтирањето на локалниот пат Фарма – Мост во село Челопек, што претставува значаен проект за подобрување на локалната комуникација и условите за движење на жителите.
Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, истакна дека ова е само дел од пошироката градежна офанзива за реконструкција и изградба на нови улици и тротоари во општината. Според него, целта е Брвеница да се развива во модерна и урбана средина со квалитетна инфраструктура.
„Ние ќе продолжиме да ја градиме нашата општина како современо и урбано место за живеење. Ова е само уште еден чекор кон подобрување на условите за сите жители,“ порача Илиевски.
Градежните активности во општината ќе продолжат со реализација на нови инфраструктурни проекти, кои се дел од планот за унапредување на квалитетот на животот во Брвеница и околните населени места.







