Г.П. (25) од Албанија вчера бил уапсен во Гостовар за кражба. Тој се сомничи дека во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т. (29), од село Долна Бањица, Гостиварско.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






