Шефицата на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен му се заблагодари на британскиот премиер Стармер за организирање на состанокот за иднината на Украина и објави кои се клучните пораки од него.
Фон дер Лајен најави дека идната недела ќе предложи драматично зголемување на буџетот за европската одбрана.
,,Ви благодариме Кир Стармер за организирање на овој важен состанок”, објави Фон Дер Лајен и ги објави заклучоците:
,,Прво, ни треба траен мир во Украина.
Но, тоа може да се постигне само со сила.
Второ:
Потребно ни е масивно зголемување на европската одбрана.
На Европскиот совет во четврток, ќе презентирам план за повторно вооружување на Европа на нашите земји-членки.
Трајната безбедност се гради на сила”, објави Урсула Фон Дер Лајен.







